Американец глумел мртов 321 ден за на Тик Ток, па добил улога во ЦСИ: Вегас

Џош Нали од Кентаки се преправал дека е мртвов 321 ден и се снимал на Тик Ток, по што тој ја добил улогата на мртво тело во серијата ЦСИ: Вегас.

Тој секој ден објавувал видеа на кои глуми дека е мртов, и за една година од ден во ден станувал се подобар. Во меѓувреме тој стана популарен на социјалната мрежа, па продуцентите на серијата СЦИ го забележале и му понудиле работа.

„Не сакам да зборувам пред камера, но лесно можам да легнам и да се однесувам како да сум мртов. Откако направив повеќе од 300 од овие објави, напредував и станав подобар. Отпрвин можеа да ме видат како дишам или лажирам крв што изгледаше лошо. Престанав да користам крв и станав подобар во задржувањето на здивот“, рекол Џош Нали во интервју за „Курир журнал“.

 

Scroll to Top