Анимиран филм за тимот на Барса

Играчите на шпанскиот гигант Барселона може да станат главни ликови во анимиран филм. Во моментов се одвиваат преговори помеѓу Каталоните и познатата компанија „Pixar“, пишува „La Jugada Financiera“.

Публикацијата не нуди дополнителни информации за темата. Со овој потег, Барселона се надева дека ќе ја зголеми својата популарност во глобалното медиумско опкружување.

„Pixar“ е исклучително успешна анимациско студио, кое од 2006 година е во сопственост на „Дизни“. Студиото е автор на некои од најпопуларните анимации во последните 20 години. Меѓу нив се и третиот дел од „Toy Story“, две серии на „Cars“, „Finding Nemo“, „Ratatouille“ и други.

Scroll to Top