Чилеански тенисер добил над 1.000 закани за животот откога бил поразен на турнир

Чилеанскиот тенисер Кристијан Гарин загуби во првото коло на турнирот во Рио Де Жанеиро и добил над 1.000 закани по живот. Откако беше поразен од Педро Мартинез, фановите го обвинија дека намерно загубил, по што почнаа заканите по неговиот живот.

„Добив над 1.000 закани. Преубаво“, напиша Гарин на социјалните мрежи.

Не е првпат тенисерот да добива закани по живот. Тој сличен инцидент доживеа на Австралија опен во 2022 година, кога загуби во трето коло.

Scroll to Top