Чоколадно суфле со едно јајце

Потребни состојки:

  • 1 јајце
  • 100 гр шеќер
  • 100 гр млеко
  • 100 гр масло
  • 8 лажици брашно
  • 2 лажици какао
  • 1 пакетче ванилин шеќер
  • 1 пакетче прашок за печење
  • 8 коцки чоколадо

Подготовка:

Со миксер се мати јајцето со шеќерот додека да се растопи. Се додаваат ванилиниот шеќер, течните состојки и на крајот сувите. Смесата се истура во 4 шолји за кафе. Се полнат до половина и одозгора на секое се втиснуваат по две коцки чоколадо. Во меѓувреме во тенџере ставете вода да зоврие. Во зовриената вода ставете ги шолјите. Висината на водата во тенџерето треба да е малку помалку од половина од нивната висина, а јачината на ринглата умерена, да врие смирено. Кога ќе се стават шолјите, се затвора со капак и се вари 15-20 минути.

 

Scroll to Top