Фотографија од девојка која уринира среде бел ден на улицата Радуница во Сплит ги згрози жителите на градот.
Фотографијата се појави на социјалните мрежи, па коменатрите беа дека ова е голем сра пред се за самата девојка, па прашаа дали вака се однесува и дома.
Млади туристи уринираат, повраќаат, пијат, се караат, вака изгледа Сплит среде летната сезона.
Градските власти се обидоа да го спречат ваквото однесување со поставување на предупредувачки знаци на улиците, а полицијата пишува казни.
Туристите на социјалните мрежи се жалат дека добиваат казни од 150 евра за пиење алкохол на улица. Сепак, ниту тоа не помогна.
За потсетување, во таблата за предупредување е наведено дека јавното консумирање алкохол е забрането, дека само на плажа може да се носат бикини без кошула, дека треба да внимаваат и да не бидат премногу гласни и дека треба да користите тоалет, а не градските ѕидини. Посетителите се предупредуваат и на казни до 300 евра.
Со 300 евра се казнува за консумирање алкохол на јавни површини, вршење нужда на јавни површини, спиење во паркови на тревници, плоштади и други јавни површини, консумирање храна или пијалоци на јавни површини и престој во угостителски објекти по истекот на работното време.