(Фото) Бред Пит се вљуби во турска актерка

Холивудскиот актер Бред Пит е заљубен во неговата колешка од Турција, Ханде Ерчел. Станува збор за 26-годишна девојка, позната по нејзината улога во серијата „Црниот бисер“.

Како што вели извор близок до актерот, Бред бил маѓепсан од нејзината убавица, но и нејзиниот талент. Тој се обидувал да стапи во контакт со неа, но безуспешно.

„На Бред доста му е од жените во Холивуд. Тој често го посетува нејзиниот инстаграм-профил, но не сака да се запознаат на тој начин. Не чувствува дека е најсигурен, но сигурен сум дека во скоро време двајцата ќе отидат на вечера“, открива изворот.

Тој вели дека и на Ерчел ѝ ласка тоа што еден од најбараните мажи во светот е заинтересиран за неа. Таа вели дека уште на 16 години била заљубена во него.

За потсетување, светските магазини досега го поврзуваа Бред Пит со голем број жени. За него се ширеа голем број шпекулации кои самиот тој подоцна ги негирал. Последна во низата на девојки со кои беше поврзан е неговата колешка Марго Роби.

 

 

Scroll to Top