(Галерија) По поразот на Милан од Интер, Ибрахимовиќ се почасти со ново Ферари

Златан Ибрахимовиќ поради повреда нема да игра сезонава за Милан, а веројатно по завршувањето на првенството и ќе стави крај на кариерата во италијанскиот тим. Додека се опоравува од повредата, со сопругата Хелена Сегер се почастија со најнов модел на „Ферари“.

За 40 роденден си купи Ferari SF90 Spider, а сега си пазари уште поскап модел од италијанскиот производител, Daytona SP3. Во претставништвото на „Ферари“ дојде со својот стар автомобил, а потоа доплати уште 1,500.000 евра за да го земе новиот.

Spider вреди околу 500.000 евра, а Dayton 2.000.000, така што Златан морал да ја доплати разликата. На новиот автомобил Ибрахимовиќ може да го спушти покривот. Крева до 100 километри на час за само 2,85 секунди, а до 200 може да развие за 7,4 секунди. Максималната брзина му е 340 километри на час.

Фудбалерот засега нема потврдено дали ќе стави крај на кариерата. Има 41 година и сезонава одиграно само четири натпревари, а постигнато само еден гол. За потсетување, синоќа Милан загуби од Интер во првиот полуфинален натпревар во Лига шампиони со 2:0.

 

Scroll to Top