На крунисувањето на британскиот крал Чарлс III и на кралицата на почетокот на мај, Камила ќе ја носи круната на кралицата Марија, објави Бакингемската палата.
Круната е стара повеќе од еден век и е нарачана од кралицата Марија за нејзиното крунисување во 1911 година заедно со кралот Џорџ V. Круната ќе биде модифицирана за важната церемонија на 6 мај. Ова е првпат во поновата историја постоечката круна да се користи за крунисување на кралица, наместо да се нарача нова, велат од палатата. Се вели дека потегот е направен во интерес на одржливоста и ефикасноста.
Круната ќе биде обновена со неколку дијаманти Кулинан, исечени од најголемиот дијамант некогаш ископан, откриен во Јужна Африка во 1905 година како почит на покојната кралица Елизабета Втора. Дијамантите со години беа дел од нејзината лична колекција накит и често ги носеше како брошеви.
Некои од дијамантите беа поставени во круната на кралицата Марија за крунисувањето во 1911 година и за крунисувањето на кралот Џорџ Шести во 1937 година.
Таа е преместена од вообичаеното место во Лондонската кула, бидејќи златарот ќе направи некои други мали промени во него. Четири од неговите осум отстранливи лакови ќе бидат отстранети за да се создаде ново чувство, различно од она во 1911 година.
Кралот Чарлс ќе ја носи круната на Св. Едвард на крунисувањето во Вестминстерската опатија. Таа е веќе изменета и вратена во кулата.
Подготовките за крунисувањето на 6 мај, на кое ќе присуствуваат достоинственици од целиот свет и ќе го гледаат милијарди луѓе, продолжуваат со забрзано темпо.
Камила (75) беше принудена да се повлече од јавните настани оваа недела откако имаше позитивен тест на коронавирус, соопшти во понеделникот палатата. Ова е втор пат таа да се зарази.