Ќерка на Моника Белучи и Винсент Касел, 18-годишната Дева Касел одлучи да тргне по стапките на нејзините познати родители. Папараците ја снимија во Рим додека ја снимаше најновата реклама за брендот „Долче и Габана“. На познатата фонтана ди Треви таа беше фотографирана во краток црн фустан од тантела и црни влечки.
Повеќе од 970 илјади фанови ја следат Дева на Инстаграм. Во светот на манекенството влезе на 15 години, а неколку пати ги красеше насловните страници на познатите списанија. Таа пред неколку месеци откри дека во моментов не планира ништо да учи.
„Во моментов сум посветена на манекенството, како и на драмската работилница на која присуствувам. Не би ми пречело да се обидам во актерството. Мислам дека навистина би уживала во тоа, но знам дека е тешка професија, чие усовршување бара многу време и многу лични вложувања“, изјавила Дева.
„Навистина го ценам фактот што моите родители никогаш не ме принудија да дејствувам. Секогаш ми велеа дека можам да бидам што сакам кога ќе пораснам, поради што бев многу отворена во различни домени“, изјавила таа во интервју за магазинот „Глас“.
View this post on Instagram
Најавено е дека Дева ќе глуми во италијанската серија „Леопард“ која ќе се емитува на Нетфликс. Станува збор за серија инспирирана од италијанскиот филмски класик во режија на Лучино Висконти, кој го освои Златниот лав во 1963 година. Во филмот глумеа Клаудија Кардинале, Ален Делон и Бурт Ланкастер.
Дева ќе ја игра Анџелика Седара, млада жена од средната класа која станува катализатор за општествените превирања во позадината на социјалната револуција во Сицилија во 1860-тите.
Моника Белучи и Винсент Касел имаа две ќерки за време на нивниот брак, Дева и Леони, која сега има 12 години. Моника ја започна својата кариера и како модел, па затоа Дева често ја споредуваат со нејзината мајка.