Лејси сака најголеми силикони во светот, фановите собираат пари за операција  

Лејси  го оперирала задникот, направила липосукција, ги зголемила усните и до сега потрошила 250 000 долари на естетски операции, а докторите не сакаат повеќе да ја оперираат бидејќи тоа ќе ѝ го загрози здравјето, па и животот.

Таа има 45 години и е на седмо место во светот по големина на силикони, но  сака да седне на тронот и да има најголеми силиконски гради. Со таа цел стартувала кампања за собирање средства за уште една операција. Фановите донирале 23.000 долари и сега се чека лекарите да одлучат дали ќе ѝ ја исполнат желбата, бидејќи операциите се ризични за оваа жена.

Вели дека не планирала да се прослави со градите, но со нив заработува по 4 милиони долари годишно.

„Јас сум како модерна Барбика и тука нема ништо лошо. Освен тоа, заработувам како никогаш до сега“, вели Лејси.

Scroll to Top