Мадрид го погодија најголемите снежни врнежи во последните 40 години

By

Мадрид го погодија најголемите снежни врнежи во последните 40 години, пишуваат светските медиуми. Бурата Филомена прекри делови со многу снег, при што во половина од земјата е прогласена црвена тревога.

dobivaj vesti na viber

Мадрид е еден од најтешко погодените градови. Надлежните велат дека во наредните 24 часа, очекуваат да заврне 20 сантиметри снег.

Аеродромот е затворен, исто како и некои патишта. Од синоќа, голем број возила се заглавени на автопат во близина на главниот град, па на помош дојдоа пожарникарите, а во некои места и војската. Властите им порачаа на луѓето да ги избегнуваат сите несуштински патувања.

Според локалните медиуми, ова се најголемите снежни врнежи во Мадрид во последните 40 години. Студеното време ќе продолжи и викендов, при што температурите во Мадрид ќе се спуштат до -12 Целзиусови степени.

 

Ќе ви се допадне