Миа Блажевска-Еминова постави нов рекорд на Светското првенство во пливање во Будимпешта

Македонската пливачка репрезентативка Миа Блажевска Еминова постави нов апсолутен рекорд на Светското првенство во пливање во Будимпешта, Унгарија, откако во трката на 100 метри грбно исплива за 1:04,11 минути.

Миа настапи во втората квалификациска трка, во која заврши како третопласирана и е на 29 -то место во конкуренција со вкупно 43 пливачки.

Македонската пливачка денеска ќе се натпреварува во дисциплината на 50 метри грбно.

Следен предизвик за македонската пливачка репрезентативка Миа Блажевска Еминова е Младинско европско првенство.

 

 

Scroll to Top