Мини Маус доби ѕвезда на „Булеварот на славните“ во Холивуд

Мини Маус доби ѕвезда на „Булеварот на славните3 во Холивуд. Овој цртан лик ѕвездата ја доби 40 години по Мики Маус, еден од омилените цртани ликови во светот. Мики и Мини првпат се појавија заедно во далечната 1928 година. Но, компанијата „Дизни“, која е нивниот творец, досега не ја номинираше Мини Маус за ѕвезда на патеката.

На булеварот во Холивуд има 2.627 бронзени ѕвезди. Освен Мики и Мини, свои ѕвезди имаат и Пајо Паторот, Вини Пу и Снежана.

Домаќин на настанот беше пејачката Кети Пери.

Scroll to Top