Мистериозната светлина на небото над Турција пред земјотресот, феномен за кој се зборува

На интернет се појавија видеа од сина светлина која го осветлува небото за време на земјотресот во Турција, а на социјалните мрежи се појавија различни толкувања кои не се научно потврдени за овој феномен.

Турските власти излегоа со објаснување дека молњата или светлата, не е необична појава. Директорот на турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) Орхан Татар на прес-конференција рече дека феномените слични на молњи се вообичаени.

„На длабочина од осум до девет километри, земјината кора е разделена по раседите и овој прекин се случува низ рамнината на триење. Нормално е густа маса на светлина, слична на удар на гром, да се формира долж линијата каде што овој расед се прекинува со толку голем ефект на триење. Земјотресот предизвика директно уништување во 10 провинции. Ја пресметавме површината на ударот од 110 илјади километри. Кога ги оценуваме информациите од терен, знаеме дека има оштетени објекти во различни населени места, особено во провинциите во близина на епицентарот на земјотресот“, рекол Татар.

https://www.youtube.com/watch?v=w3Ozn7vZFSg

Scroll to Top