На Трамп му треба добар ќотек

Во Филаделфија деновиве осамнаа графити на кои Вондер вуман и Капетан Америка го удираат американскиот претседател Доналд Трамп. Графитите на кои супер-хероите на „Ди-си комикс“ и „Марвел“ го тепаат Трамп станаа вистински хит во земјата.

Авторот на илустрациите сака да остане анонимен, но неговите графити испраќаат порака која Американците ја прифаќаат: на Трамп му треба добар ќотек. Така стои и во коментарите под некои од објавените фотографии на Интернет, а одговорот на повеќемината е ‘да’.

Ова не се први графити со ваква содржина. Уште неколку други автори правеле слични цртежи, каде што Трамп го удираат Бетмен, Супермен.

 

Scroll to Top