Не гледајте порно-филмови на мобилен

Гледањето порно-филмови на мобилниот телефони претставува многу поголема закана за корисниците отколку гледање порнографија на десктоп компјутерите. Оперативните системи на смартфоните, особено Андроид, се многу понебезбедни од оперативните системи на десктоп компјутерите. Затоа постои голема ранливост на мобилните која ИТ криминалците би можеле да ја злоупотребат.

Компанијата Wandera спровела истражување кое покажало дека 40 од 50-те најпопуларни порнографски сајтови се чувствителни на вируси. Овие вируси можат да се инсталираат на вашиот телефон и да собираат приватни податоци за корисничките навики, а хакерите потоа да ги искористат тие сознанија за да ги уценуваат сопствениците на мобилни телефони.

Минатата година на овој начин протекоа лични податоци на преку 800 илјади корисници на сајтот Brazzers. Исто така, постои начин некој да ги види сите сајтови што сте ги посетиле иако сте ја избришале историјата.

Scroll to Top