Никола Тесла си го подмладувал телото

За Никола Тесла се знае многу. Но, малкумина знаат дека овој научник ги познавал тајните на јогата. Тој често вежбал јога во текот на својот живот и на тој начин го подмладувал телото. Тесла од својата рана младост применувал вежби за медитација и концентрација и преку нив созревал.

Далечната 1893 година во Чикаго Тесла се запознал со Свами Вивекандо, еден од најпознатите учители од Индија, кој во тоа време ја ширел јогата во САД. Во книгата „Ненадминлив гениј – животот на Никола Тесла“, Џон О’Нил пишува:

„Откри дека целот свој живот чувствува нешто необично кога дише длабоко. Тоа му создаваше чувство на леснотија, како да го губи допирот со тлото и да лета низ воздухот само со силата на сопствената волја.“

Со длабокото дишење си ги прочистувал градите и го исфрлал заостанатиот јаглерод-диоксид од телото.

Во текот на младоста и средните години, често пливал и планинарел, вежбал панајама и медитирал, живеел во целибат, станал вегетаријанец, не пушел, не пиел кафе, а алкохол консумирал многу ретко.

Тесла верувал во вечен живот преку реинкарнација, во единство на сите суштества и во карма. Се тврди дека развил способности како телепатија, астрална проекција, видовитост, биоенергија. Не верувал во натприродни моќи и се обидувал да даде научно објаснување за сите овие човечки способности.

Scroll to Top