Од петок дожд па дури и град

Метеорологот од Струга, Славчо Поповски, најави дека од утре (петок) и за време на викендот Македонија ќе ја зафати силен циклон поради што ќе има интензивни дождови проследени со локални грмежи и силен ветер.

„Не се исклучува можноста за локално невреме проследено со интензивен пороен дожд и град. Но, најризични земји се Црна Гора, Албанија и Босна и Херцеговина“, вели Славчо Поповски.

Во текот на споменатиот временски период локално во овие делови можно е да наврнат од 100 до 200 л/м2 воден талог, а можно е и повеќе па поради тоа советуваме доколку овој викенд планирате да патувате во овие места, да бидете претпазливи.

Scroll to Top