Кинеските научници објавиле дека по 300 обиди, конечно успеале да клонираат мајмуни. Двата мајмуна се клонирани со истата техника со која своевремено била клонирана и овцата Доли.
Иако со оваа постапка можноста еден ден да бидат клонирани луѓето изгледа сè поизвесна, кинеските научници тврдат дека тие воопшто не размислуваат за клонирање луѓе.