По тешката сообраќајка Тајгер Вудс рече дека ќе се повлече од голфот

Најдобриот спортист во историјата на голфот, Тајгер Вудс сака предвреме да се пензионира. Причината е болките во ногата кои му се појавија по тешката сообраќајка која ја доживеал. И самиот тој призна дека подготвен да се повлече поради здравствени проблеми.

46 годишниот голфер се врати на терените во април, 14 месеци по сообраќјката, во која за малку ќе ја изгубеше десната нога. Потоа играше на неколку големи турнири. Сега пред турнирот на Бахамите, призна дека неговата состојба е многу полоша и дека тешко дека ќе игра голф во иднина.

„Не ми остана многу сила во ногата. Сè уште можам да погодам од каде и да посакам, но едноставно не можам да се движам. Имам доста проблеми оваа година, но успеав да играм. Решив многу проблеми, но овој пат само времето може да си го направи своето и да ми помогне“, рече Вудс.

Тој беше најголемата ѕвезда во историјата на голфот, но низ кариерата го следеа голем број проблеми и разни скандали. Една од последните е тешката сообраќајка од пред неколку месеци која ја предизвика додека бил алкохолна состојба. Сега ќе мора и да се прости од спортот и само е прашање на време кога ќе се повлече.
Јасно е дека планира до крајот на годината да одигра уште неколку турнири, но е под голем знак прашалник неговото појавување на турнирите во 2023 година.

 

 

Scroll to Top