Почина Теа Королија, продуцентка на серијата „Беса“

По долго боледување почина српската продуцентката Теа Королија. Ќе ја паметиме по големата енергија, оптимизмот, волјата и поддршката што ја имаше за колегите, објави продукцијата на серијата „Беса“.

Королија дипломирала филмска и ТВ продукција на Факултетот за драмски уметности во Белград. Својата професионална кариера ја започнала работејќи на продукција на ТВ реклами.

Во 2004 година станала директорка на „Ле Спот продукција“, која ги реализирала некои од најнезаборавните реклами. Од 2014 година ја водеше продуцентската куќа „Адреналин“, каде што се фокусираше на развој и продукција на оригинални сериски програми во Србија и регионот.

Во тој период се реализирале некои од најпопуларните и најгледаните серии како „Беса“ (прва и втора сезона), која обедини меѓународни и регионални продуценти и таленти, ги помести границите и имаше забележителен успех кај нас и во светот, потоа сериите „Жмурке“, „На слово на слово“, „Погрешан човек“, како и неколку различни ТВ-формати „Потера“, „Флешбек“ и други.

 

Scroll to Top