Преку театарска игра во борба против меѓуврсничкото насилство кај младите

Вчера  на онлајн платформата ЗУМ беше изведена драмската претстава „Децата од прва клупа“, наменета за сите средношколци на возраст од 15 до 18 години.

„Децата од прва клупа“ обработува теми поврзани со меѓуврсничко насилство, преку прикажување  различни искуства за меѓуврсничко насилство кои ги доживеале младите. Целта на оваа претстава е преку актерска игра да се прикажат последиците од меѓуврсничкото насилство кај младите, како и да се поттикне негово препознавање од страна на младите.

 

Продуцент на претставата е Александра Никифоровски, а режијата е колективна. Во претставата играат актерите Мики Анчевски, Марија Ѓорѓијовска, Винета Дамческа и Бојан Лазаров. Како стручни лица во областа на педагогијата се вклучени Мила Пановска и Сузана Аврамовска.

Scroll to Top