Состојки:
За 3 филa:
1 литар млеко, 130 гр шеќер, 4 пудинзи од ванила, 200 гр путер на собна температура, 120 гр шеќер во прав, 150 гр мелени бисквити, 120 гр кокос, 170 гр мелени ореви.
За фил:
50 гр млечна чоколада, 50 гр темно чоколадо, 100 мл слатка павлака
Начин на подготовка:
Од литар млеко се одвојуваат 250 мл, па во тие 250 мл се мешаат пудинзите и се става остатокот од млекото да се вари со шеќерот. Кога млекото ќе зоврие додадете ја изматената смеса за пудинг, промешајте и варете уште еднаш да зоврие. Потоа покријте ја смесата со проѕирна фолија и оставете ја целосно да се излади. После тоа, изматете ги путерот и шеќерот во прав до пенеста и додадете ги во изладената смеса за пудинг. Се заедно добро изматете и филот поделете го на три дела. Во едниот фил додајте мелени бисквити, во вториот кокос, а во третиот ореви. Сега намачкајте ги филовите во калап со дијаметар од 22 см, прво плазмата, па кокосот и на крај филот со орев. Ставете го во фрижидер најмалку два часа.
Направете ја глазурата, ставете ги сите состојки во тенџере, загрејте и мешајте на средна температура додека да се растопи и соедини. На крај полека прелијте врз филот и вратете го колачот да се излади додека глазурата не се стегне.