Рецепт за брзи бомбички со путер од кикирики

Состојки:
200 гр мелени бисквити, 6 лажици путер од кикирики, 100 гр путер, 100 гр шеќер во прав

Глазура:
200 гр темно чоколадо, 2 лажици масло

Декорација:
сечкани кикиритки, бадеми, лешници или ореви по желба

Подготовка:
Мелените бисквити ставете го во длабок сад. Во бисквитот додадете путер од кикирики и обичниот путер, шеќерот во прав и сè убаво измешајте со рацете.

Обликувајте топчиња и оставете ги да се изладат и стврднат барем неколку часа.

Изладените топчиња потопете ги во чоколадната глазура и посипете ги со сечканите кикиритки, бадеми, лешници или ореви, па вратете ги во фрижидер додека не се стегне глазурата.

Scroll to Top