Напаѓачот на Реал Мадрид Винисиус доби црвен картон на натпреварот против Валенсија на „Местаља“, поради конфликт со фудбалерите на домашниот тим. Претходно ги изгуби нервите поради расистичките дофрлања од трибините од навивачите на Валенсија. На навредите тој одговараше со гестикуалции со прсите покажувајќи го бројот два и алудирајќи дека Валенсија ќе испадне во втората лига.
Сепак Валенсија победи со 1:0 и ги зачува шасните да остане во првата лига. Сепак натпреварот го одбележа скандалот и исклучувањето на Винисиус.
Бразилскиот фудбалер кој веќе пет години игра во Шпанија, во 70 минута го повика судијата и му го покажа навивачот на трибините кој дофрлал расистички коментари. За тоа време фудбалерите од двата тима се обидоа да ја смират ситуацијата. Во меѓувреме интервенирала и полицијата која дојде на трибините, а официјалниот спикер ги замоли навивачите да се однесуваат спортски и да нема инциденти.
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти го повика Винисус на страна и разговараше со неа. Тој продолжи да игра, но по десет минути натпреварот повторно играта беше прекината, а Бразилецот удри и еден од фудбалерите на Валенсија. Потоа почна да гестикулира, иронично да ракоплеска и да го покажува бројот два алудирајќи на втората лига. Фудбалерите на Валенсија тогаш почнаа да се премсетуваат со него.
На крајот Винисиус се огласи на социјалните мрежи. Во пораката напиша дека Шпанија е расистичка држава и објави дека би можел да си замине иако е еден од најдобрите фудбалери на Реал Мадрид. Минатата сезона му ја донесе шампионската титула во Европа со голот против Ливерпул во финалето.
„Ова не е ни прв, ни втор, ни трет пат. Расизмот е нормален во Примерата. Конкуренцијата мисли дека тоа е нормално. Сојузот исто така. И тоа ги поттикнува противниците. Мене ми е жал заради тоа. Ова првенство некогаш припаѓаше на Роналдињо, Роналдо, Кристијано и Меси, а денес припаѓа на расистите. Преубава нација која ме дочека убаво и која ја сакам, но која се согласи да покаже слика на расистичка земја во светот. Жал ми е што Шпанците кои не се согласуваат, но денес, во Бразил, Шпанија е позната како земја на расисти. За жал немам одбрана за тоа што се случува секоја недела. Но, јас сум силен и ќе одам до крајот против расистите. Дури и ако тоа е далеку од тука“, напиша Винисиус на „Твитер“.
„Наградата која расистите ја освоија е моето исклучување. Тоа не е фудбал, тоа е Ла Лига“, напиша Винисус на „Инстаграм“ по натпреварот, жестокот критикувајќи ја Примера. За потсетување и претходните сезони, како и оваа тој беше навредуван поради бојата на кожата. Навивачите му фрлаа банани и го нарекуваа мајмун.