Сите пушат „моника левински“

Компанијата за производство на канабис „Шугарлиф“ продава марихуана со име „моника левински“. Тие при промоцијата на производот напишале „Моника Левински изглеа секси и подготвено. Чувај се, Бил“ алудирајќи на поранешниот американски претседател Бил Клитон и на секс-аферата во Белата куќа.

Дека има марихуана со нејзино име, деновиве се пофалила и самата Левински. На „Твитер“ таа објавила фотографија од производот, а коментарите на Американците се поделени. Некои сметаат дека е смешно што постои марихуана со името на активистката што сега се бори против насилството врз жените, а други се шегуваат дека сега сите пушат „моника левински“.

Оваа марихуана се продава легално и 14 грама чинат 105 долари.

Scroll to Top