Скопјанец кому пешачкиот премин му е дом

Бездомник, кому пешачкиот премин на Бит-пазар му е дом, спие покриен само со едно ќебе врз парчиња стиропор. Овој човек е фотографиран вчеравечер, кога температурата беше под нула, на пешачкиот на Бит-пазар, на булеварот „Крсте Петков Мисирков“.

„Додека ние спиеме во топли кревети, овој човек спие на пешачки покриен само со ќебе на -2 степена. Нему пешачкиов му е дом и дење и ноќе. Боже мој, а колку ли ги има вакви што не ги знаеме? Колку ли степени ги делат од тоа никогаш повеќе да не се разбудат? Прави ли државата нешто за да се спречи страдањето на овие луѓе, а толку бескорисни згради има во градот, кои можат да се искористат како дом за овие лица? Постојат ли трајни решенија за овие страшни појави?Имаат ли колегите од Црвен крст мобилна единица да ги згрижува ваквите случаи? прашува скопјанецот Јасмин, кој ја објави фотографијата.

Scroll to Top