Слика на Да Винчи продадена за 450 милиони долари

Сликата „Спасителот на светот“ (Salvator Mundi) на Леонардо да Винчи е продадена на аукција во Њујорк за рекордни 450,3 милиони американски долари.

Сликата на Исус Христос кој во левата рака држи кристална топка, а десната ја крева во знак на благослов, насликана помеѓу 1506 и 1513 година, почна да се продава за 100 милиони долари, а по наддавањето постигна четири и пол пати повисока цена.

Продажбата на ова дело го урна аукцискиот рекорд кој го држеа „Жените од Алжир“ (Les Femmes D’Alger) подадена за 179,4 милиони долари во мај 2015 година.

Идентитетот на купувачот не е познат, а аукцијата траеше само 20 минути. Сликата пред наддавањето беше изложена во Хонг Конг, Сан Франциско и Лондон, од каде што беше пренесена во Њујорк за јавноста да може да ја види пред продажбата.

Делото е со димензии 65х45см, а е реставрирано по изложбата посветена на Да Винчи во лондонската Национална галерија.

Scroll to Top