Валерија е добро, останатите пари донирани за други деца

Малата Валерија Зафировска од Штип минатиот месец беше оперирана од тумор на мозокот во Истанбул. Граѓаните од целата земја се вклучија во хуманитарна акција за собирање средства за операција на 7-годишното девојче. Парите останати по операцијата на Валерија, семејството Зафировски ги донираше на други дечиња на кои им се потребни средства за лекување.

„За Борче, Димитар, Марија, Хана, Биле“, напиша Марина, мајката на Валерија под фотографијата со донациите.

Операцијата на Валерија помина успешно, а таа преку фејсбук-профилот на својот татко Зафир, испрати видео-порака со која им се заблагодари на сите што донирале за нејзиното лекување.

„Чао штипјани, чао Македонијо. Многу ве сакам, сè е добро тука, шетам. Многу ве сакам, поздрав, чао“, рече во својата порака Валерија.

Покрај видеото нејзиниот татко напиша: „Валерија упатува голем поздрав од срце за сите вие кои што бевте несебично хумани“. На својот профил тој објави и неколку фотографии направени во болницата, по операцијата на девојчето.

Scroll to Top