Поп-пејачот Давид Темелков учествуваше на најголемиот радиопроект на белградското Радио С, „Ѕвездите пеат“. Поводот беше дуетот со пејачката Ивана Петерс, а ја отпеаја преработката на популарната „Годинама“, големиот хит на Дино Мерлин и Ивана Банфиќ.
Преработката на Давид и Ивана е во сосема нов модерен звук, а тие снимија и видеоспот. На гостувањето во белградското студио на Радио С раскажуваа за нивната соработка, како и за импресиите од поканата да гостуваат во еден ваков радиопроект.
Во „Ѕвездите пеат“, освен Давид, гостуваа и многу други млади талентирани пејачи.