Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Серхио Рамос го снимија како ги бутка репортерите по натпреварот во Лига шампиони против Баерн Минхен. Нервозен од поразот Шпанецот се истури на фоторепортерите кои се најдоа во близина. Играчите на ПСЖ по натпреварот се поздравуваа со незадоволните навивачи, а голем број од репортерите се собраа околу нив.
Во гужвата некои од нив случајно се најдоа околу Рамос, па тој ги оттурна од себе.
— EuroFoot (@eurofootcom) February 15, 2023