(Видео) Соларна бура ќе ја погоди Земјата на 19 јули

Соларна бура предизвика огромна ерупција на површината на Сонцето и ќе ја погоди Земјата на 19 јули во утринските часови. Пред пет дена џиновска сончева дамка ги исплаши астрономите за можни сончеви блесоци и исфрлање на коронарна маса кон Земјата.

Претчувствата се остварија, бидејќи во петокот на површината на Сонцето избувна огромен сончев блесок. Научникот и истражувач од непрофитната Aerospace корпорација и наградуван едукатор Тамита Сков предвидува директен погодок на соларната бура во Земјата.

„Тоа ќе биде директен погодок. Филамент кој личи на змија е лансиран како голема соларна бура додека бил во зоната на удар во Земјата. НАСА предвидува удар во раните утрински часови на 19 јули. Можни се силни аурори длабоки во средните ширини“, напиша Сков ва својот твит.

Таа додаде дека може да дојде до прекин на системите за навигација GPS и радиоврските.

Нејзиниот твит беше проследен со уште една објава, односно видео од ерупцијата на Сонцето. Таа тврди дека ќе биде тешко да се предвиди магнетна ориентација на оваа соларна бура, која е насочена кон Земјата. Доколку магнетното поле е свртено кон југ, можни се услови за G2, па дури и G3 соларна бура.

За споредба, најголемата соларна бура која е снимена во историјата, позната како настанот Карингтон, испржи телеграфски жици и предизвика шумски пожари, носеше класификација Г5.

Според видеото кое го спореди Тамита, соларната бура ќе нè погоди утре во утринските часови, а како што Сонцето сега е во активна фаза од својот 11-годишен циклус, се очекува ваквите настани да бидат сè почести до 2025 година, кога ќе го достигне својот максимум на соларна активност.

Scroll to Top