(Видео) Вo Турција се наоѓа најопасниот пат долг 179 километри

Патот D915, кој е долг 179 километри во Турција, се смета за еден од најопасните патишта за возење во светот. Најпредизвикувачки е неговиот северен дел, кој се протега на 107 километри помеѓу Офа на брегот на Црното Море и Бајбурт.

Оваа делница има многу остри кривини. Патот е претежно неасфалтиран и покриен со чакал, а не е опкружен со никаква ограда или друга бариера што би спречила излетување на автомобилите во бездна.

Во некои делови патот драстично се стеснува, стрмен е и нема доволно простор за вртење. Ако немате време за сопирање, ако ви се врти во главата или направите еден погрешен потег – многу лесно можете да завршите во бездна.

Лошото време е честа појава, а маглата, дождот и снегот им создаваат големи проблеми на возачите на коловозот. Во тој случај има намалена видливост, лизгав и каллив терен и можност за паѓање карпи.

Од октомври секоја година некои делови од патот, кои се издигнуваат над 2.000 метри надморска височина, се затворени поради зголемена опасност од снежно невреме и лавини, кои може да имаат и опасни последици.

Единственото нешто што може да ве спаси на патот се добрите возачки способности, па затоа не се препорачува за почетници да возат по него. Локалното население не се плаши од D915, туку секојдневно го возат со разни возила – од мотори до камиони.

 

Scroll to Top