Статуа од 12. век на хинду божицата Парвати, што била украдена 1971 година од храм во индиската држава Тамил Наду е пронајдена во Њујорк. Таа се наоѓала во приватна колекција на аукциската куќа Бонамс, откри полицијата.
Се проценува дека бронзената статуа вреди околу 212 илјади долари, а ја прикажува божицата во исправена положба, со круна од прстени на главата. Шемата од круната се пресликува и на ѓерданите, алките и наметката.
Изминатите години Индија ги засилува напорите да ги врати статуите и артефактите кои се украдени од храмовите, а се дел од нивното културно наследство. Од 2014 година до сега се пронајдени и вратени преку 200 скапоцени предмети. Лани Велика Британија ѝ врати на Индија три бронзени скулптури кои биле украдени од храм во Тамил Наду пред околу 40 години.