Жена се породи во воз што патувал од Париз за Штутгарт

Жена се породи во брз воз кој патувал од Париз за Штутгарт, соопштија од француската железница. Кондуктерот го известиле во неделата утрото во 8 часот, брзо по тргнувањето дека трудницата почнала да се породува. Еден патниците кои бил лекар брзо дошол да ѝ помогне.

Возот застанал 15 минути подоцна, за да ја изнесат жената. Но не можејќи да биде евакуирана, се породила во возот. Таа доби син кој го доби името Феликс. Брзо потоа биле однесени во болница.

Од Француската железница рекоа дека и мајката и бебето се добро, а возот кој доцнел повеќе од еден час, морал да ја скрати релацијата и наместо до Штутгарт, поминал во Карлсруе, на југозападот од Германија.

 

Scroll to Top