Кога пред повеќе од 20 години се појави на сцената, „Нокаут“ беше вистинско освежување за публиката. Во времето кога македонската музика беше во подем, Пере, Франц, Ацо и Кире беа дечките од временската машина, која само пет години можеше да остане во овој состав. Бендот се распадна. Секој си го фати својот пат.
„Немавме капацитет да продолжиме понатаму. Затоа и се распаднавме. Секој си го фати својот пат, а јас три години се трудев да најдам музичари. Еве нè, 15 години функционираме одлично“, вели Пери во пресрет на концертот во СРЦ „Кале“ , кој го организира „Авалон“ и кога ќе одбележат 20 години од првиот концерт на бендот.
За смртта на Ацо Конга и болката по својот другар, за расправиите со Франц, кој тврдеше дека Пере му го украл брендот „Нокаут“, за златните времиња и популарноста, за распаѓањето на бендот, за животот во Барселона, за ќерките и за она што ќе понудат на концертната забава, гледајте го интервјуто.
Александра Георгиев