Афроамериканска конгресменка прима закани поради Доналд Трамп

Демократката Илхан Омар која е член во американскиот Конгрес, изјавила дека почнала да прима закани по нејзиниот живот, откако американскиот претседател Доналд Трамп на својот „Твитер“ профил објавил видео во кое таа негирала дека во 2011 година се случил терористичкиот напад во Њујорк.

„Овој твит ги загрози мојот живот и животот на моите блиски“, изјавила Омар, обвинувајќи го Трамп за поттикнување на десничарски екстремизам, пренесува „Асошијетед прес“.
Омар додала дека насилните злосторства и другите дела од омраза кон десничарските екстремисти и бели расисти се во пораст во САД и ширум светот.
„Не можеме повеќе да го игнорираме и да го охрабруваме Трамп кој е највисок претставник на оваа земја. Ние сме сите Американци“, изјавила Илхан Омар.
Нејзината изјава следела откако членката во Претставничкиот дом Ненси Пелоси, соопштила дека ги превземала сите чекори за да ја обезбеди безбедноста на членовите на Конгресот и го повикала Трамп да го отстрани видеото.
Трамп го објавил видеото во кое Омар објаснува дека за нападот на 11 септември 2001 година, се одговорни некои луѓе за кои јавноста не знае дека се вмешани во овој настан.
Набрзо откако се огласила Пелоси, видеото е отстраено, но не и твитот. Пелоси најави дека ќе продолжи да ги следи заканите упатени кон Омар и го повика Трамп да не го охрабрува ваквото однесување.
Scroll to Top