Ако Ким умре, милиони Севернокорејци ќе гладуваат

Официјален претставник на американската влада за „Фокс њуз“ открива дека доколку Ким Џонг-ун почине, милиони Севернокорејци ќе се соочат со гладување, по што ќе настане масовен егзодус во Кина, пишува српски Курир.

Севернокорејскиот лидер по операцијата на срцето е во тешка здравствена состојба, пренесуваат светските медиуми. Извори од Белата куќа велат дека ги следат извештаите за состојбата на Ким, но и понатаму немаат детални информации. Разговорите меѓу Трамп и Ким за нуклеарната програма долго време се во застој.

Еден извор за време на последниот самит изјавил дека тие кои биле во близина на Ким забележале дека нивниот лидер има потешкотии со дишењето и дека тешко дише за свои години.

Американската влада има опсежен план за вонредна состојба во случај на смрт на севернокорејскиот лидер, вклучувајќи и хуманитарна криза од масовни размери во земјата.

Извори за „Фокс њуз“ открија дел од плановите на САД, но повикуваат на внимателност по повод овие извештаи, кои покажуваат дека Ким се соочува со смртна опасност, по кардиоваскуларната процедура.

Американски извори откриле дека поголемиот дел од планот на САД се засновал на помош од Кина. Тие сметаат дека оваа земја може да помогне во контролата на севернокорејското тло, делумно поради близината, а потоа и поради логистичките предизвици, кои би им ги давала на САД при обезбедувањето на хуманитарната помош.

Ким по операцијата на срцето е во смртна опасност, тврдат тајните служби на САД

Scroll to Top