Александар Лукашенко ја киднапирал белоруската опозициска лидерка

Германските власти се сомневаат дека претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, е поврзан со исчезнувањето на опозиционерката во земјата, Марија Колесникова.

Германија го повика Лукашеко да појасни што се случило со неа. Тие имаат сознанија дека Колесникова, вчера во утринските часови била однесена од неидентификувани маскирани лица.

„Загрижени сме за госпоѓата Колесникова. Бараме Лукашенко да објасни каде таа се наоѓа и бараме ослободување на сите политички затвореници во Белорусија“, навел германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, во коментарите кои ги објавил на социјалните мрежи.

Тој коментарите ги објавил на официјалниот профил на „Твитер“, на германското Министерство за надворешни работи, пренесува „Ројтерс“.

Германија, која во мометов претседавач со Европската унија, работи со полна пареа на пакетот санкции на Европската унија, против лидерот во Белорусија, додал Мас.

Тој изјавил дека континуираните апсења и насилства над членовите на опозицијата и демонстрантите се неприфатливи.

„Секако, кој ќе ги види сликите од мирните демонстрации од Минск, не може да ги затвори очите пред фактот дека луѓето бараат промена на политиката и стилот на раководење“, нагласил Мас.

Тој додал дека Германија и другите европски земји, во повеќе наврати побарале од Лукашенко да започне политички дијалог со опозицијата, но тој досега ваквите барања ги игнорирал.

„Ако господин Лукашенко не го промени својот курс, ние од Европската унија ќе реагираме“, истакнал Мас.

 

 

 

Scroll to Top