Алексеј Навални бил отруен за да биде замолчен од руските власти

Рускиот опозиционер Алексеј Навални, бил отруен од руските власти за да биде замолчен и да не открие голема корупциска проневера меѓу руските власти и градежната мафија, пишуваат светските медиуми.

Ппоследното на кое што Навални работел е корупцијата во Сибир, стои во неговиот извештај кој деновие беше објавен во медиумите.

Извештајот бил објавен и на неговиот сајт, а во него се тврди дека 18 од 50 пратеници во Новосибирск, трет по големина руски град, се или сопственици или ги застапуваат сопствениците на големи градежни компании.

Истрагата која Навални ја направил, овозможува детални информции за имотот на пратениците и членовите на нивните семејства.

На крајот на извештајот, Навални ги повикува луѓето од Новосибирск да гласаат за опозицините кандидати и да го поддржат неговиот проект на паметно гласање.

Новосибирск и околните региони во последно време доживуваат вистинска експанзија на градба. Повеќето инфраструктурни проекти ги финансира владата, што покренува прашања за конфликт на интерес меѓу локалните гувернери и пратениците.

Извештајот е преточен во 40 минутен документарен филм под името „Кој го превземал главниот град на Сибир и како да се ослободите“ и се фокусира на пратениците од Градската дума во Новосирск, нините скапи часовници, автомобили, како и на недвижностите кои ги поседуваат во странство.

Според фондацијата за борба против корупција, која ја предводи Навални, ова видео е само првиот дел од истрагата кој опозиционерот и неговите колеги го спроведоа на неодамнешното патување во Сибир.

Навални бил на турнеја по сибирските региони во кои овој месец ќе бидат одржани локални избори. Изненадувачки, на Навални му се слошило на 20. август во авион, кој летал од Томск за Москва.

Овој 44 годишен политичар, помина два дена во болница во градот Омск, пред да биде префрлен во Германија, каде и понатаму се наоѓа на одделението за интезивна нега и е во медицинска вештачка кома.

Лекарите во берлинската болница, заклучиле дека Навални бил отруен со група на активни супстанци под името „инхибитори холинестераза“. Тие се наоѓаат во неколку лекови, како и во некои пестициди и нервни агенси.

Тимот на Навални тврди дека тој намерно е отруен затоа што го обвинил Кремљ. Руските лекари во Омск кои го лечеле, изјавиле дека во нивните тестови не откриле траги од отровот во организмот на опозиционерот.

Заклучокот на германските лекари ги поттикна западните влади да побараат од Русија опсежна истрага. Досега руските официјални лица ги отфрлија обвинувањата дека Навални намерно е отруен и покажале знаци дека планираат во целост да го истражат случајот.

Непосредно откако на Навални му се слошило во авионот, еден таблоид во Москва го објавил неговото детално движење, повикувајќи се на неименувани припадници на силите на безбедност кои признале дека го следеле.

Во текстот кој го објавиле медиумите, полициските извори опишале како федерални агенти од тајните служби на „ФСБ“, откриле во кој апартман во Томск, се наоѓа Навални, ги следеле сите негови чекори, собирале сметки од доставите на суши, кои тој ги нарачувал.

Наводно дури и го следеле за време на краткиот излет на реката Том, каде отишол да плива. Судејќи според горенаведеното, полицијата во весниците објаснила дека наводното труење на Навлани, не се случило во градот, туку во авионот или во кафичот на аеродром.

„Нивото на надзор воопшто не ме чуди. Бевме свесни за истото. Но, она што чуди е дека не се колебаа тоа да го споделат со сите“, напишала на „Твитер“ портпаролката на Навални, Кира Јармиш.

Scroll to Top