Алексеј Навални се разбуди од кома, тоа е доказ дека не е отруен, вели човекот кој го создал отровот новичок

Рускиот научник Леонид Ринк, тврди дека разбудувањето на рускиот опозиционер, Алексеј Навални од кома, е доказ дека тој не е отруен од отровот новичок.

Ринк е научник кој има создадено голем број воени отровни супстанци, меѓу кој и новичок. Тој вели дека Навални не бил отруен, затоа што ги немал симптомите.

„Дури и да била употребена 400 пати помала концентрација од смртоносната доза, од отрвониот гас новичк, тој би излегол од кома, но би имал миоза, солзење на зениците на очите. Тој нема такви симптоми“, објаснил Ринк.

Споре неговите зборови, новичок е направен така да би го заменил нуклеарното оружје на военото поле и истиот има стопроцентна смртност.
„Тоа значи дека Навални не бил отруен од новичок“, нагласил Ринк.
Рускиот опозиционер Алексеј Навални, денес излезе од вештачка кома во болницата во Берлин. Германската влада на 2. септември, повикувајќи се на лабораторијата Бундесвер, објавил дека Навални е отруен од супстанцата од групата на хемиски отрови новичок.
Овие наводи, руската страна ги негираше и побада да бидат доставени конкретни податоци од болницата каде се лечи Навални.

Scroll to Top