Американска водителка тврди дека пред три години ѝ забраниле да ја емитува приказната за Епстајн

Познатата американска водителка Ејми Робак, вработена во телевизијата „АБЦ“, тврди дека приказната за сексуалната злоупотреба на познатиот американски милијардер и осуден педофил Џефри Епстајн ја имала уште пред три години, но нејзината телевизиска мрежа не ѝ дозволила да ја емитува.

Робак тврди дека Епстајн е убиен во затворот во Њујорк додека го чекал неговото судење, а вели дека знае и која би можела да биде следната жртва на групата моќници кои ќе направат сè за вистината никогаш да не се дознае.

„Сто посто сум убедена дека Епстајн е убиен. Тој живееше од уцени. Имаше многу мажи кои патуваа со него во неговите авиони и кои го посетија неговиот остров. Имаше многу моќници кои беа и во неговиот стан“, изјавила Робак, велејќи дека следната жртва би можела да биде нејзината соработничка Гилејн Максвел, која исто така има многу информации за овој случај.

Робак по наводното самоубиство на Епстајн ѝ се пожалила на својата продуцентка за прекинатата сторија што ја правела пред три години. Камерите и микрофонот во студиото го снимиле моментот во кој Робак открива дека приказната за Епстајн ја имала уште пред три години, но дека мрежата не ѝ го одобрила емитувањето. Снимката од студиото била објавена од страна на „Проџект веритас“. Наводно, тие снимката ја добиле од вработен во „ЦБС њуз“, кој потоа бил отпуштен. Од телевизиската куќа „АБЦ“ било соопштено дека го идентификувале вработениот кој дошол до посед на таа снимка, но тој не бил обвинет дека директно им ја испратил на луѓето од „Проџект веритас“.

Наводно снимката им ја испратил поранешен вработен во телевизиската мрежа „АБЦ“, пишуваат американските медиуми. На снимката може да се слушнат големиот број обвинувања кои ги изнесува Робакова против својата мрежа, поранешниот претседател на САД Бил Клинтон, Бакингемската палата и други кои се доведени во врска со Епстајн. Таа тврди дека не ѝ било дозволено да го емитува интервјуто со Вирџинија Робертс, една од жртвите на Епстајн, кое го направила уште пред три години.

„Ме прашаа кој е Џефри Епстајн? Тоа е глупава приказна. Нејзиниот адвокат ми рече дека времето ќе покаже дека Епстајн е најголемиот педофил во оваа земја“, вели Ејми, која е бесна гледајќи како по сите медиуми сега се врти нејзината приказна од пред три години.

Новинарката вели дека закани стигнувале и од Бакингемската палата. Од таму почнале да се закануваат кога се расчуло дека Робај ја интервјуирала Робертс, која била претходно фотографирана со принцот Ендру.

„Ни се закануваа на милион начини. Се плашевме дека нема да можеме повеќе да ги интервјуираме Кејт и Вилијам. Тоа ја уби приказната“, вели Робај.

Новинарката истакнува дека со своите колеги успеала да ја натера Робертс по 12 години да престане да се крие и да излезе во јавноста со нејзината приказна.

„Имавме фотографии, таа има сè за да ги открие сите инволвирани во сексуалните злоупотреби на малолетните девојки. Имавме докази и за Бил Клинтон. Страшно беше тоа што можевме да уловиме еден куп моќни и богати луѓе. Тогаш бев загрижена што не можев да ја емитувам приказната“, вели Ејми, која ја споменала и познатата адвокатка Ален Дершовиќ, која исто така била една од најблиските соработнички на Џефри Епстајн.

„Проџект веритас“ наведува дека Ален го употребила своето влијание за да го спречи објавувањето на приказната, како и за тоа дека челниците на телевизијата „АБЦ“, намерно ја сокриле вистината за да заштити голем број моќни луѓе.

 

Scroll to Top