Американците манипулирале со времето во периодот на Виетнамската војна

Праксата со формирање облаци со јод и оловен јод не е нова за јавноста. Операцијата „Попај“ (позната како проект Popeye/Motorpool/Intermediary-Compatriot) била висококласифицирана програма за модифицирање на времето во југоисточна Азија во периодот од 1967 до 1972 година.

Создавањето облаци со сребрен јодид и оловен јодид резултирало со продолжување на монсуните во просек за 30 до 45 дена на целото подрачје.

Континуираните дождови резултирале со забавување на движењето на камионите, па оттука операцијата се сметала за релативно успешна. Но, поради големите врнежи и поплавите на реката Сонг Цон, Виетнамците ги преместиле воените заробеници од затворите во логорот во Сон Тај, поради што не било возможно извршување на спасувачките мисии.

Поранешен американки министер за одбрана, Роберт Мкнамара, бил свесен дека би можело да има приговори од страна на меѓународните научни заедници поради ваквите интервенции во Виетнам. Но, во дописот до претседателот на САД е напишано дека таквите забелешки во минатото не биле основа за превенција на воени активности што  биле сметани за важни за националната безбедност на САД.

Програмата со хемиската модификација на времето е спроведена на териториајта од Тајланд преку Камбоџа, Лаос и Виетнам, а наводно истата била извршена под покровителство на државниот секретар Хенри Кисинџер и ЦИА, без одобрение на тогашниот министер за одбрана, Мелвин Лаирда. Тој категорички пред Конгресот негирал каква било употреба на програмата за модификација на времето како тактичко орује. Впрочем, негирал и дека воопшто такво оружје постои.

Scroll to Top