Американците се плашат од Русите, анализа на кинеските медиуми

By

Ако СССР денес постоеше како држава, Американците би воделе скромна надворешна политика и не би ја провоцирале оваа земја, како што тоа го прават со Русија денес, пишува кинеското списание „Феникс“.

Кога Советскиот Сојуз би постоел денес, тоа би била велесила која во ништо не би заостанувала зад Соединетите Американски Држави. Ова го тврдат авторите во тектстот за кинеското списание.

Според нивното мислење, дури и без посебен развој на науката и техниката, СССР денес би бил втора најсилна држава на светот. Анализирајќи ја состојбата во моментот на распадот на СССР, авторите обрнуваат внимание на тоа дека СССР била втора најсилна економија на светот.

Производството на воена техника имало голем дел во индустријата и благодарение на воените сили, доколку СССР и денес постоеше, би можел да врши притисок на САД, пишуваат Кинезите.

Авторите на кинеското издание, сметаат дека денешна Русија во многу работи заостанува зад Советскиот Сојуз. Но, без разлика на тоа, Русија денес е втора воена сила во светот и успешно спроведува своја надворешна политика во различни делови на светот.

Ако СССР и денес постоеше, САД би водела поскромна надворешна политика и не би смееле да ја провоцираат Русија, како што тоа сега го прават, пишува кинеското издание „Феникс“.

 

Ќе ви се допадне