Анџелина Џоли го тужи ФБИ за инцидент кој се случил меѓу Бред Пит и нивниот син

By

Во медиумите во САД се рашири веста дека Анџелина Џоли би можела да го тужи ФБИ, затоа што агентите одбиле да спроведат истрага против нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит. Станува збор за истрага за инцидент кој се случил за време на лет во 2016 година со еден од нивните синови.

dobivaj vesti na viber

Како што наведуваат медиумите, Џоли за да го заштити семејството се претставила под псевдонимот Џеј До. Под името на Џеј таа побарала од ФБИ увид во документите кои се однесувале на Бред Пит, но тие не ѝ дозволиле.

 Anđelina Džoli tuži FBI - Profimedia

Станува збор за инцидент од 2016 година, пред Џоли да поднесе барање за развод од Бред Пит. Актерот наводно го нападнал и психички и физички нивниот син во приватен авион за време на летот од Америка кон Франција.

Џоли сега побарала да ѝ биде доставена целосната документација и случајот повторно да се отвори, откако претходно Бред бил ослободен од секакви обвинувања.

 Anđelina Džoli tuži FBI - Profimeda

Како што се наведува во медиумите, Џоли под името на Џејн поднела бројни барања за копирање на извештајот од спорниот инцидент и тврди дека ФБИ ја затворил истрагата против нејзиниот сопруг, а дека за тоа претходно не ја ни известиле.

 Anđelina Džoli tuži FBI

Некои од медиумите пренесоа дека таа засега нема поднесено официјална тужба, но сè уште го напаѓа Бред и по разводот, а актерот неодамна поднесе и тужба против неа за незаконска продажба на нивниот заеднички имот во Франција. Станува збор за дворецот Миравал.

 Anđelina Džoli tuži FBI - Profimedia
 Anđelina Džoli - Profimedia

 

 

Ќе ви се допадне