Асанж може да умре во затвор, предупредуваат лекари од цел свет

By

Повеќе од 60 лекари од целиот свет се потпишале на писмото кое јавно го објавиле и во кое предупредуваат на нарушената здравствена состојба на основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж.

Тие велат дека Асанж би можел да умре во затворот, а ваквите тврдења ги засноваат на изјави на сведоци кои присуствувале на неговото појавување пред судот.

Асанж на 21 октомври во судницата се појавил во многу лоша состојба, а за неговата нарушена здравствена состојба посведочил и известувачот на Обединетите нации Нилс Меклер, кој отворено проговорил за тортурата врз Асанж кога го видел на 1. ноември, пишува „Гардијан“.

Тој изјавил дека континуираното злоставување во затворот, може да го чини Асанж живот.

„Ви го пренесуваме ова отворено писмо како лекари, за да ја изразиме нашата сериозна загриженост за физичката и психиката состојба за здравјето на Џулијан Асанж“, е наведено во писмото на лекарите напишано на 16 страни.

Лекарите велат дека се загрижени дека Асанж нема да може ниту да се појави на сослушувањето кое почнува во февруари наредната година и дека му е потребна итна медицинска помош.

„Нема време за губење“, е наведено во писмото кое го потпишале лекари од САД, Австралија, Велика Британија, Шведска, Италија, Германија, Шри Ланка и Полска.

Асанж и претходно се пожалил на затворските услови.

 

 

Ќе ви се допадне