Астероид ќе ја погоди земјата во 2068 година, предупредуваат Русите

By

Руски астрономи предупредуваат дека астероид со големина од 325 метри би можел да ја загрози Земјата во 2068 година. Астрономите му го дале името „Апофис“, а велат дека истиот ќе се доближи до Земјата во 2029 година.

dobivaj vesti na viber

Русите предупредуваат дека „Апофис“ ќе се доближи до Земјата на далечина десет пати помала од растојанието меѓу Месечината и Земјата. Ова го велат научниците оа Катедрата за небесна механика на државниот универзитет во Санкт Петерсбург.

„Апофис“ на 13 април 2029 година ќе се доближи до Земјата на оддалеченост од 38.000 километри, додека Месечината од Земјата е оддалечена 384.000 километри.

И американските научници предупредуваат на можноста на судар со астероид. Експертите од унуверзитетот „Хаваи“ сметаат дека веројатноста за удар е екстремно мала.

„Апофис“ е откриен во 2004 година, а експертите тогаш навеле дека веројатноста вселенското тело да се судри со Земјата во 2029 година е сведена на само 2,7%. Но, ваквите проценки сега се демантирани.

„Апофис“ е грчко име за Apepa, непријателот на египетското боженство Ра, богот на сонцето.

Ќе ви се допадне