Астероид ќе ја удри земјата, предупредуваат од Европската вселенска агенција

By

Астероид ќе прелета на растојание од само 40 метри од орбитата на Земјата на 9. септември, а астрономите предупредуваат дека постојат големи шанси и да удри во нашата планета.

Астероидот со име „2006 QV89“, веројатно нема да го уништи целокупниот живот на Земјата, но ќе биде и повеќе од доволно за да уништи цел еден град, предупредуваат научниците.

Одговорните лица од Европската вселенска агенција, истакнуваат дека ударот би бил посилен од катастрофата во Чељабинската област. Метеорот со големина од 20 метри, во 2013 година, експлодирал над местото Чељабинска.

Во експлозијата уништени се дел од зградите и куќите во таа област, а повеќе од 1000 луѓе биле повредени. Овој инцидент најмногу ги загрижило астрономите тоа што не го предвиделе. Токму тоа ги загрижува и кај овој астероид за кој велат дека постои голема шанса да удри во Земјата.

Шансите астероидот „2006 QV89“ не погоди се 1:7000. Иако тоа звучи малку, во Европската вселенска агенција предупредуваат дека астероидот е еден од оние објекти кои мораат непрекинато да се следат, затоа што никогаш не можеме да бидеме сигурни во нивниот правец на патување.

 

 

Ќе ви се допадне