Атентат над Путин и огромно цунами се предвидувањата на баба Ванѓа

By

Поради нејзината моќ да ги предвиди настаните, баба Ванѓа за многумина претставувала балканскиот Нострадамус. Бугарката успеала да предвиди настани кои ќе се случат оваа 2020 година, а меѓу нејзините пророштва се и атентатот направен врз Путин и огромно цунами.

Оние кои ја следеле велат дека имала моќ да ги предвиди настаните, а како доказ за тоа е нејзиното предвидување дека во 2000 година ќе потоне руската подморница Курск.

Следбениците тврдат дека таа го предвидела и терористичкиот напад на 11 септември, катаклизмичното цунами во 2004 година и изборот за претседател на Обама во 2008 година.

Покрај нејзината наводна моќ за предвидување на настаните, нејзините приврзаници веруваат дека оваа слепа жена, која живеела во село во Бугарија, имала моќ да комуницира и со мртвите. Еве некои од работите кои таа ги предвидела за 2020 година, пред нејзината смрт во 1996 година.

Дополнителни коментари на нејзините предвидувања дал британскиот психолог Крег Хамилтон Паркер од Psichics.co.uk Најстрашното предвидување било за пропаста на светот.

Добрата вест е тоа што баба Ванѓа наводно предвидела дека Армагедон нема да се случи за 3000 години, односно во 5079 година. Лошата вест е дека Баба Ванѓа не прецизирала како светот ќе заврши.

Сепак, Хамилтон Паркер за Ekspres.co.uk вели дека 2020 година ќе биде бурна година и дека ќе има војна на Блискиот исток, природни катастрофи и политички немири.

Поддржувачите велат дека очекуваат нејзиното предвидување за атентатот врз Путин да се случи следната година, како и голем број на земјотреси. Поточно регионите во Јапонија и Индија ќе бидат мета на силни потреси.

Според Шарлот Гуд од Јутјуб каналот InformationOverload, обидот за убиство на Путин ќе се случи во Европа. Рускиот лидер ќе биде нападнат од член на неговиот безбедносен тим.

Иако Хамилтон Паркер не предвидел таков обид за убиство, тој изјавил дека Путин ќе успее да постигне мировен договор со претседателот Трамп. Хамилтон сепак предвидел проблеми за кинескиот претседател Си Џинпинг, по немирите во Хонг Конг.

„Предвидев немири во Хонг Конг. Зборував за револуцијата во Кина во 2020 година во Хонг Конг и видов голем број нови конфликти и нереди на кинеското копно. Соочен со пад на владата Си Џинпинг ќе се согласи за секакви промени“, вели Паркер.

Но, овие промени тој вели дека ќе се случат неколку години по 2020 година. На основа на пророштвата на Баба Ванѓа за иднината, силно цунами може да ја погоди Азија 16 години по трагедијата со цунамито во 2004 година.

Катаклизмата од 2004 година убила повеќе од 220.000 луѓе во југоисточна Азија. Ако пророштвата се покажат како точни, уште еден катастрофален бран ќе ги зафати деловите на Пакистан, Јапонија, Кина и Индонезија.

Според Паркер, во 2020 година, ширум светот ќе се случат голем број еколошки катастрофи. 2020 година ќе има многу земјотреси. Особено во Јапонија и Инидја ќе се случат големи потреси, што ќе предизвикаат одложување на Летните олимписки игри.

„Во САД исто така ќе се случат земјотреси. Сериозна вулканска активност на мал остров. Не можам да видам точно каде, но ќе биде потребна итна евакуација“, вели Паркер.

Ќе ви се допадне