(Аудио) Објавени тајни снимки од Еди Рама како купува судии

Германскиот весник „Билд“ објавил нови снимки од прислушкувани разговори на кои се слуша како функционери на владејачката албанска партија, Социјалистичката партија, договараат за закани, купувања и манипулирање со гласови во пограничниот град Пешкопељ.

Во прислушкуваните разговори се слуша гласот на актуелниот албански премиер Еди Рама, поранешниот министер за економија Дамијан Гјикнуриј, директорот на албанското Министерство за внатрешни работи Арбен Кешиј и други функционери на Социјалистичката партија во таа земја.

„Прислушкуваните разговори потекнуваат од досиејата 184, кој три години стоеле во фиоките на албанското обвинителство“, пишува новинарот Питер Тиде.

На една од 16 објавени сними, премиерот Рама во телефонски разговор со Кешиј, на денот на изборите го прашува дали се реализирани поставените цели, на што соговорникот му одговара потврдно.

Scroll to Top